Тимерманс ги повика Британците да останат во царинската унија

130

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс претстави услови за одложување на брегзит и ги повика Британците да останат во царинската унија на Европската унија. Тој го нагласи тоа во интервјуто објавено денеска од страна на германската медиумска група Функе.

– Ако на Британците им треба подолг период, тогаш треба да знаеме зошто – вели тој. Додека тоа не е јасно, брегзит може да биде одложен само за две недели, со единствена цел – спречување хаотично напуштање на 29 март.

Како што вели заменикот претседател на ЕК, за тоа време Лондон треба да каже што навистина сака.

– Организирање нови избори? Да се одржи нов референдум? Потоа можеме да разговараме зборуваме за одложување за неколку месеци – истакна тој.

Тимерманс верува дека Лондон може да остане во царинската унија на ЕУ.

– Можеби мнозинството во британскиот парламент ќе го поддржи тоа – рече тој.

– Британците гласаа да ја напуштат ЕУ, а не царинската унија – рече Тимерманс. Според него, брегзит  „ќе биде најголемата трагедија во историјата на ЕУ”.

Фото: EPA/Lex van Lieshout

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...