Тиквичките се одлични против воспаленија и астма, а нивните семки ја намалуваат опасноста од мултиплекс склероза.
Тиквичките се една од најздравите летни намирници кои можеме да ги приготвиме на сто начини, хранливи се и здрави и едни од ретките кои можете во целост да ги искористите.
Имено, и кората на тиквичките крие во себе бројни хранливи состојки, исто како и нејзиното месо и семките. Во француската и италијанската кујна се консумираат и цветовите од тиквици, за кои гурманите тврдат дека се повкусни од самите тиквички.
Иако во кулинарството се третираат како зеленчук, според ботаниката тие се овошје.
Освен што не се многу калорични, тиквичките поволно влијаат на човечкиот организам. Ја одржуваат витката линија, ја подобруваат концентрацијата, ги смируваат нервите, ги зајакнуваат мускулите и срцето. Влијаат врз исфрлањето вода и штетни материи од телото. Иако имаат помалку вода од краставиците, содржат повеќевитамини и минерали.
Популарни се и поради ниската калорична вредност, а изобилуваат со витамин Ц, калиум, калциум, фосфор и селен. Го подобруваат варењето, а се препорачуваат како совршен додаток со риба и месо.
Малку е познато дека тиквицата може да придонесе за лекување на астмата и дека има силни противвоспалителни својства папомага во спречување на парадентозата, но се користи и во борбата против други воспаленија.
Семките од овој зеленчук помагаат при отстранувањето на капиларите, а ефикасни се и во намалувањето на високиот крвен притисок. Ја намалуваат и опасноста од појава на мултиплекс склероза.
Лабораториските истражувања утврдиле дека фитонутриентите во сокот од тиквиците имаат антиканцерогени својства зашто ја спречуваат мутацијата на клетките. Екстрактите од тиквиците ги редуцираат симптомите на бенигна хипертрофија на простатата, а тоа дејство се засилува во комбинација со друг зеленчук.
Повеќе за ована порталт „Арт кујна“.
Фото: Pixabey