Тизер за „You“ – евровизиската песна на Васил Гарванлиев ВИДЕО

989

Иако официјалната промоција на  евровизиската песна „You“, со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, Холандија е најавена за в недела, на 8 Март, вечерва со краток тизер на јавноста и е овозможено да слушне дел од неа.

Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка, која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...