Теjлoр Свифт победничка на Американските музички награди

- Оваа и секоја друга награда што ја добив вечерва, ми е дадена од народот - рече Свифт, напомнувајќи дека на 6 ноември, ќе се гласа и на конгресните избори, па ги повика Американците и тогаш да и дадат поддршка.

127

Тејлор Свифт освои четири награди, меѓу кои и онаа за изведувач на годината на овогодишните Американски музички награди, победувајќи ги Дрејк, Ед Ширан, „Имеџин дрегонс” и Пост Малоун.

Добитниците на овие награди се одредуваат преку интернет гласање.

– Оваа и секоја друга награда што ја добив вечерва, ми е дадена од народот – рече Свифт, напомнувајќи дека на 6 ноември, ќе се гласа и на конгресните избори, па ги повика Американците и тогаш да и дадат поддршка.

Имено, Свифт јавно го поддржа демократот од Тенеси, Фил Бредесон, кој е кандидат за член на Сенатот.

Конгресните избори беа доста актуелна тема на синоќешната свеченост, па дури и водеителката Трејси Елис Рос носеше маичка на која пишувше „Јас гласам”.

Свифт инаку влезе во историјата како најнаградуваната жена, со вкупно 23 Американски музички награди.

Иако годинава го имаше најпродаваниот албум и три број 1 хитови, Дрејк не доби ниедна награда.

Карди Би, пак, доби три награди, вклучително и онаа за најдобар хип-хоп/рап изведувач, што ја посвети на ќерка си која се роди изминатиов јули.

ФОТО: EPA-EFE/NINA PROMMER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...