ТЕ Осломеј ќе се исклучи, се вклучува Блок 2 во РЕК Битола

238

Термоелектраната Осломеј ќе се исклучи и на нејзино место ќе го вклучи Блок 2 во РЕК Битола, информира АД ЕЛЕМ.

„И покрај тоа што дефектот на системот за водено отпепелување е отстранет и ТЕ Осломеј може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на АД ЕЛЕМ одлучи да го запре производството на електрична енергија во електраната, имајќи ја предвид загриженоста и сензитивноста на населението од околните места“, информираат од компанијата.

Блок 2 во РЕК Битола, нагласуваат, е веќе во мрежа, по превентивниот зафат во текот на викендот, и може непречено да се вклучи во производниот процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...