Технолошките иновации најголем проблем на земјоделскиот сектор

Бизнисмените од земјоделскиот сектор бараат и да се посвети внимание на агроекологијата, органското производство развојот на интелегентни села.

77

Долгорочна стратегија за развој на агросекторот во земјата, посебно за сточарството и преработувачката индустрија, увозни олеснувања на суровини како и развој на професионално фармерство потоа изградба на системи за наводнување како и поддршка на компаниите во инвестирањето, бараат бизнисмените од земјоделскиот сектор за да можат да фатат приклучок со европското земјоделство.

Како што рече Васко Ристовски на денешната прес-конференција во Стопанската комора, со нивна реализација ќе се подобри состојбата во земјоделството пред почетокот на преговорите со Европската унија.

– Бизнисите во земјоделството најголем пороблем имаат со воведувањето на новите технологии. Затоа е потребно да се посвети внимание на технолошките иновации, дотолку повеќе што Европската унија во овој дел дава и најмногу пари – рече Ристовски.

Со почетокот на преговорите со Европската унија проблем ќе имаат и малите сточарски фарми.

– Бизнисмените предлагаат големите фарми да го откупат сточниот фонд од малите фарми Лимит, за успешни фармери и сериозно производство, предлагаат да биде најмалку 50 мајки по фарма што ќе овозможи стабилно производство и приходи – рече Ристовски.

Спроед него, важно е да се реализираат и барањата на бизнисмените кои се однeсуваат на климатските промени, а тука главен збор има изгрдбата на системи за наводнување и одводнување.

Државата, додава тој, мора да ја промени својата стратегија во насока на поддршка и развој на преработувачките капацитети во земјата.

– Потребни се вложувања и во преработувачките капацитети, како и конкретни мерки за финансирање во земјоделството главно во изградба на ладилници и магацини кои моментално секторот ги нема – информира Ристовски.

Бизнисмените од земјоделскиот сектор бараат и да се посвети внимание на агроекологијата, органското производство развојот на интелегентни села.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...