Три од шест компании од секторот металопреработувачка и автомобилска индустрија успеаја да добијат работа од странските инвеститори во земјава преку проектот InComSMEs. Ова беше речено на денешната прес конференција во Стопанската комора на тема „Подобрена соработката меѓу домашните и странските компании преку проектот InComSMEs“.
Дел од комраниите кои учествуваа во проектот кој има за цел за ја зголеми компетитивност на домашните компании, за да бидат поспособни за соработка со странските инвестиции во земјава веќе имаа воспоставено соработка, а дел преку проектот успеаја да станат добавувачи на странските компании.
– Две од компаниите веќе соработка со странските инвститори, а третата е во процес на донесување на одлука кај странскиот инвеститор- информира. Повеќето од компаниите кои учестввуаа во проектот беа успешни пред неговата реализацијата и преку него требаше да станат уште подобри. Но, дел од нив преку проектот успеаја да воспостават контакти и да ја добијат работата – професорот Роберт Миновски од Машинскиот факултет кој заедно со Стопанската комора учестввуаа во реализацијата на проектот.
Според него, процесот на добивање работа кај странските компании главно мултинационални е тежок бидејќи одлуките се донесуваат во фирмата мајка, но домашните компании треба да бидат упорни да стигнат до целта- препознавање како квалитетени добавувачи во меѓународни рамки.
– Кај дел од овие големи компании процедурите се такви што се бара мислење и од купувачот на производите што ја прави постапката уште посложена – вели Миновски.
Анкетата што е спроведена во рамки на проектот покажува дека компаниите странски инврстиции во земјава најмногу забелешки имаат на квалитетот и сертификатите, но и на високите цени на производите и технологијата на производство.
– Во проектот учестввуаа 15 странски инвеститори и 97 домашни компании кои одговорија на барањата на инвреститорите. Организиравме 100 Б2Б средби. Притоа кај 30 компании е направен скрининг за да се утврди нивната подготвеност и капацитетот. Од нив 17 домашни компании учествуваа во проектот – информира професорот Бојан Јовановски исто така од Машинскиот факултет.
Експертите кои учествуваа во проектот велат дека дел од заклучоците можат да ѝ користат на владата при субвенционирањето главно на воведувањето на нови технологии во процесот на производството на домашните компании.