Иран денеска објави дека ниту еден кибер-напад врз Исламската република никогаш не успеал, откако американските медиуми објавија дека САД извршиле таков напад минатата недела, во услови на несогласување помеѓу двете земји.
– Медиумите се прашуваат за веродостојноста на наводниот кибер напад врз Иран. Ниту еден успешен напад не е направен од нив, иако тие вложуваат многу напори – објави министерот за телекомуникации Мохамед Џавад Азарири Јахроми на Твитер.
Американски медиуми објавија во саботата дека Вашингтон извршил кибер напади против иранскиот систем за ПВО и шпионска мрежа, денови откако Техеран собори американски шпионски дрон.