Производителот на електрични автомобили „Тесла“ соопшти дека ќе отпушти девет проценти од работниците за да се подобри профитабилноста, тврдејќи дека отказите нема да влијаат на најавеното интензивирано производство на новиот Модел 3.
– Отказите се составен дел од планот за реструктуирање кој треба да се однесува на вишокот вработени во одредени области на деловното работење во врска со брзиот раст на компанијата, напиша шефот на „Тесла“, Елон Мас, во електронска порака упатена до работниците.
Производствените работници нема да бидат опфатени со најавените откази кои, според него, нема да влијаат врз ниту една од поставените цели за производство на Моделот 3.
Како што соопшти компанијата, треба да бидат отпуштени околу 4.000 работници.
– Одлуката за отпуштање од работа е тешка, но нужна – порача Маск на Твитер.