„Тесла“, „Епл“, „Алфабет“, „Мајкрософт“ и „Дел технологии“ обвинети за смртни случаи на деца

Компаниите се дел од системот на присилна работа што резултирал со смрт и сериозни повреди на нивните деца, според организацијата.

211

Пет водечки светски технолошки компании се обвинети дека се одговорни за смртни случаи и сериозни повреди на деца во Африка, кои се принудени да работат во рудници за кобалт.

Судската постапка против „Тесла“, „Епл“, „Алфабет“, „Мајкрософт“ и „Дел технологии“ е поднесена во име на 14 семејства од Демократската Република Конго пред суд во Вашингтон, ја објави американската непрофитна организација Меѓународни заговорници за право.

Компаниите се дел од системот на присилна работа што резултирал со смрт и сериозни повреди на нивните деца, според организацијата.

Ова е првпат повеќе технолошки компании да се соочат со судска постапка поради вадење кобалт.

Судските документи вклучуваат фотографии на деца со деформирани раце и нозе. Некои се и осакатени.

Шест од 14-те деца во случајот загинаа уривање на тунел, а други се здобиле со телесни повреди, вклучително и парализа, тврдат Меѓународните заговорници за право.

Дел од децата биле плаќани по 1,5 долари по ден, а работеле шест денови во неделата. Кобалтот е важна суровина за производство на литиумски батерии што се користат во производи од технолошката индустрија. Повеќе од половината од тој метал се вади во Конго. Според ЕК, глобалната побарувачка за кобалт треба во следните 10 години да се зголеми за седум од 13 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...