Терорист од Сирија уапсен во Албанија

Албанија годинава стана главна рута на нелегалните мигранти од блискоисточните земји и северна Африка, кои транзитираат низ нејзина територија, со цел да го продолжат патот кон западноевропските земји.

133

Албанската полиција, во група нелегални мигранти открила Сириец кој бил дел од терористичка група која сѐ уште војува во Сирија и Ирак, пишува „Коха јон“.

Групата била откриена пред два дена во близина на преминот Капштица, на албанско-грчката граница кај Корча, а ја сочинувале 16 лица.Од нив десет се од Сирија, петмина од Пакистан и еден од Либија.

Сите веднаш биле однесени во Центарот за азил и сместување бегалци Бабру кај Тирана а по извршената контрола за Сириецот е потврдено дека припаѓал на терористична група. Посебната проверка е направена по барање на албанската тајна служба, ШИШ, која поседувала одредени информации за него. Сириецот е префрлен во Центарот за странци од затворен тип во Кареч кај Корча.

– Ова не е прв случај да биде откриено лице осомничено за тероризам кое влегува на албанска територија како бегалец. Во претходните случаи осомничените биле предадени на странски служби, што најверојатно ќе се случи и со Сириецот, наведува весникот.

Албанија годинава стана главна рута на нелегалните мигранти од блискоисточните земји и северна Африка, кои транзитираат низ нејзина територија, со цел да го продолжат патот кон западноевропските земји.

Во изминатиот период од годинава откриени се над 3.500 нелегални мигранти, главно од Сирија, Ирак и Пакистан а во помал број се и од Алжир, Јемен и Либија. Бројот пак на оние кои успеале да поминат низ Албанија неофициално е најмалку двапати поголем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...