Терористички напад во Лондон: Убиен маж кој избодел минувачи

726

Британската полиција денеска во јужниот дел на Лондон уби маж, кој претходно избодел неколку лица, а полицијата смета дека „инцидентот е поврзан со тероризам“.

„Се испитуваат околностите, инцидентот се третира како терористички напад“, соопшти полицијата на Твитер.

Граѓаните се предупредени да ја избегнуваат областа Стритхем, во јужниот дел на Лондон, која ја надгледуваат хеликоптери.

Би Би Си објави дека очевидци споделиле на социјалните мрежи оти слушнале три истрели околу 14 часот по локално време.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан се огласи во врска со терористичкиот напад.

– Напаѓачот е убиен од страна на полицијата во Стритхем по инцидентот, кој се третира како терористички. Се претпоставува дека неколку луѓе се избодени – нагласи Кан.

Тој истакна дека е во постојан контакт со претставници на локалната власт и изрази благодарност до полицијата за брзата реакција.

– Терористите сакаат да не раздвојат и да го уништат нашиот начин на живот. Овде, во Лондон тоа нема да им го дозволиме – заклучи лондонскиот градоначалник.

Последен сличен инцидент во Лондон, кој е третиран како терористички акт, се случи во ноември минатата година кога полицијата уби маж кој со нож усмрти две, а повреди три лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...