Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговараат околу приговорите од британски пратеници против предложениот договор од страна на Меј за излез на Велика Британија од ЕУ, информираат од кабинетот на Меј.
Откако ненадејно го одложи гласање за договорот во британскиот Парламент закажано за денеска, премиерката ќе се состане со лидерите на ЕУ, од кои ќе побара уверување во врска со договорот со Унијата за Брегзит, со цел да ги смири стравувањата на британските пратеници.