Теодулос Скордис ја напушта директорската позиција во Стопанска банка

Во соопштението нема детали за причините поради кои Скордис ја поднел оставката ниту пак најава за неговата замена.

1186

Генералниот директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје, Теодулос Скордис поднесе оставка. Оваа информација ја соопшти Стопанска банка преку Македонска берза.

Во соопштението нема детали за причините поради кои Скордис ја поднел оставката ниту пак најава за неговата замена.

Скордис во Стопанска банка Скопје е од 2009 година каде што прво е директор за кредитен ризик, а од 2010 година е генерален директор за корпоративно работење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...