Ќе треба да почекаме што ќе одлучи соседната земја, но ние како Грција треба да им помогнеме на малите земји од Балканот, да ги одведедеме во Европската унија, порача од грчкиот остров Крит, лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ.
– Прашањето со нашата соседна земја ПЈРМ во овој момент се одредува од одлуките на нејзиното Собрание и од одлуките на Заев. Ќе треба да чекаме што ќе одлучат. Но, ние како Грци верувам дека треба сите, освен некои екстремни гласови, да сме согласни дека овие земји, овие мали земји од јужниот Балкан, треба да се одведат во Европската унија. Треба да им го отвориме патот, треба да им помогнеме, затоа што сакаме ова соседство да биде соседство на развој, рече Теодоракис за грчката државна телевизија ЕРТ.