Тендерите од следната година по нов закон

Денеска се одржа последната расправа по текстот на законот со институциите, а во октомври се очекува негово донесување.

413

Новиот Законот за јавни набавки, ќе биде донесен во октомври, а неговата примена ќе почна од лседната година. Ова беше речено на денешната завршна јавна расправа за текстот на законот со јавните институции.

– Во текстот на новиот Закон се предвидува зголемена транспарентност на постапките. Тој ќе ја подобри ефикасноста, ќе стави акцент на најдобрата економска понуда, ќе ги поедностави процедурите. Се обезбедуваат и услови за реална конкуренција. Предвидени се нови постапки, нови алатки во делот на електронските јавни набавки, има нови вредносни прагови за примена на Законот, но и зајакната контрола – рече министерот за финансии Драган Тевдовски на отворањето на расправата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...