Температурата на Јадранско Море највисока во последните 100 години

Порастот на темературата влијае на развој на инванзивните растителни и животински видови.

226

Просечната температура на водата во Јадранско Море секоја година бележи раст за 0,6 степени Целзиусови, соопшти Институтот за поморска биологија во Котор.

Од 2008 до 2015 просечната температура на површинскиот слој на хрватскиот дел од Јадранот пораснала за 1,25 степени, а тој тренд на забрзано загревање не престанува, велат од Институтот за океанографство и рибарство во Сплит.

Порастот на темературата влијае на развој на инванзивните растителни и животински видови.

– Тоа пред се влијае врз рибите, раковите и другите морски организми, кои во најголем дел негативно влијаат врз морскиот екосистем, а еден од пресудните фактори е зголемување на температурата на морската вода, се наведува во соопштението од Институтот.

Исто така, се посочува дека отпорните животински видови ги потиснуваат домицилните.

– Тоа предизвикува одредена штета, пред се се намалува риболовот, бидејќи тие видови го заземаат просторот на домашните видови – истакнува Институтот за поморска биологија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...