Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги ликвидиран на 2 октомври во саудискикот Конзулат во Истанбул се ослободиле од неговото тело со фрлање во канализација откако претходно било растопено во киселина, објави турскиот весник Сабах.
Анализа на примероци од канализацијата во резиденцијата на Конзулатот овозможило откривање траги на киселина, објави провладиниот весник не наведувајќи извори.
Истражителите оценуваат дека телото на новинарот било растопено во киселина и потоа фрлено во канализација. Откако претходно негираа негово убиство, саудискиот власти на крајот објавија дека новинарот бил убиен во операција што Ријад „не ја одобрил“.
ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER