Голем број Бугари деновиве се измамени откако добиле повик со код +386, бидејќи одговорот на повикот ја зголемил нивната телефонска сметка.
Бугарските медиуми пишуваат дека измамата е од маскиран телефонски оператор од Косово кој го користи кодот на Словенија.
„Кодот +386 е на Словенија, но се покажа дека тој е измама, бидејќи под него е маскиран телефонски оператор во Косово, каде што јавувањата се поскапи од оние во ЕУ. Ако човек се излаже да врати пропуштен повик од број со таков код, започнува нов напад со повици од други точки во светот,“ пишува Денес бг.
Измамените за медиумите велат дека откако одговориле на повикот со кодот на Словенија, добиваат повици од други земји – Литванија, Конго, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина …
За да го запрат нападот, бугарските мобилните оператори ги блокираат повиците од броевите што ги пријавуваат претплатниците.