„Телеграф“: НАТО стравува дека Самитот Трамп-Путин може да има влијание врз безбедноста на Европа

500
ФОТО: ЕПА

НАТО стравува дека средбата меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, предвидена за по завршувањето на Самитот на Алјанската закажан за 11 и 12 јули во Брисел, би можела да има негативни последици по безбедноста на Европа, тврди лондонски „Сандеј Тајмс“.

Според весникот, високи претставници на НАТО стравуваат дека Трамп би можел да започне разговори со Путин за „прекројување на безбедносниот пејзаж на Европа“.

Весникот наведува дека таквото сценарио е можно доколку лидерите на европските членки на НАТО на Самиот во Брисел не се согласот со барањата на Трамп за зголемување на буџетските трошоците за потребите на одбраната на ниво од два отсто од нивните БДП.

Во таков случај воени и дипломатски извори од седиштето на НАТО стравуваат дека на средбата на 16 јули во Хелсинки, Трамп би можел да ги прифати барањата на Путин за намалување на военото присуство на Алијансата на источните граници на Русија и да најави „повлекување на припадниците на Армијата на САД од Украини и откажување на американското учество во заедничките вежби на НАТО“.

Покрај во Украина, американски сили се приустни и во Германија, Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

Само пет земји на НАТО издвојуваат по два отсто од своите БДП за потребите на одбраната. Од друга страна, Шпанија и Белгија издвојуваат по 0,9 отсто, а Германија 1,2 проценти од своите БДП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...