„Телеграф“: Еден од Русите осомничени во случајот Скрипал е разузнавачки офицер

Човекот што допатувал во Велика Британија два дена пред труењето на Скрипал користејќи го името Руслан Боширов, всушност е Анатолиј Чепига, полковник на ГРУ.

117

Британскиот весник „Дејли Телеграф“ тврди дека еден од двајцата Руси обвинети за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика пританија е агент на руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Според весникот, човекот што допатувал во Велика Британија два дена пред труењето на Скрипал користејќи го името Руслан Боширов, всушност е Анатолиј Чепига, полковник на ГРУ.

Британското обвинителство ги посочи двајцата Руси кои допатувале во градот Солсбери во март под имињата Руслан Боширов и Александар Петров, како лицата кои донеле нервен отров новичок и го употребиле во обид да ги убијат таткото и ќерката Скрипал.

Двајцата осомничени во изјава за руска телевизија ги негираа тврдењата дека се тајни агенти и тврдеа дека нивното патување во Велика Британија било од туристички карактер.

По објавувањето на веста на „Телеграф“, британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон на Твитер напиша дека е откриен вистинскиот идентитет на едниот од Русите и дека се работи за руски офицер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...