Тела на две сестри исфрли реката Хадсон во Њујорк

285

Телата на двете сестри, на возраст од 22 и 16 години, исфрли реката Хадсон во Њујорк,  а само ден пред исчезнувањето мајката добила повик од амбасадата на Саудиска Арабија.

Пред една недела телата на саудиските сестри Ротана (22) и Тала Фаре испливаа од реката Хадсон и за њујоршката полиција немало политика поврзана со нивната смрт. Нивните тела биле врзани со леплива лента и биле свртени една кон друга. На телата немало видливи траги на насилство, биле облечени и во фаза на распаѓање.

Нивното исчезнување било пријавено уште кон крајот на август. Но, денешното сведочење на мајката, фрли сосема ново светло на истрагата.

На ден пред наоѓањето на нивните тела мајката добила телефонски повик од амбасадата на Саудиска Арабија. И рекле дека девојките побарале политички азил во САД, па затоа престојот на целото семејство во Њујорк е во опасност. И се заканиле на мајката дека целото семејство е во опасност зашто ќерките побарале политички азил во САД.

Главниот конзул на Саудиска Арабија за американските медиуми потврдил дека ангажирал адвокат со намера случајот детално да се испита.

Тврди дека амбасадата од Вашингтон го контактирала семејството за да им даде поддршка и им понудиле помош. Девојките живееле во предградие на Вашингтон заедно со мајка им , а во САД пристигнале од Саудиска Арабија во 2015.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...