Текстилците бараат побрзо воведување на ветеното замрзнување на придонесите

Со оваа мерка ќе можат да се исплаќаат повисоки плати за работниците, со што ќе може и да опстои и текстилната индустрија,а воедно ќе биде и стимул и за нови вработувања во овој сектор.

127

Текстилниот кластер денеска ја поздрави мерката за замзрнување на придонесите за текстилните и кожарските работници, а за сметка на тоа да им ги зголемат платите на вработените, откако вчера вицепремиерот Кочо Анѓушев на трибината во Штип ја најави како мерка која размислуваат да ја воведат од наредната година.

Претседателката на Текстилниот кластер, Марјана Перковска забележа дека оваа мерка треба час побрзо да се воведе, а тоа е мерката која со години ја барале од централната власт.

– Со тоа ќе се зголеми конкурентноста на компаниите и ќе можат да ги задржат работниците, со можност за зголемување на платите, бидејќи во тој случај се овозможува платите да ја качуваат спиралата, а сето тоа да не влијае во голема мерка врз компаниите и да може да биде поддржано со зголемување на продуктивноста и конкурентноста на компаниите. Мислам дека тоа е на ниво на 96 евра придонеси, со тоа што од персоналниот данок, кој е 10 отсто за текстилните компании, со оглед на нивото на исплатата на личните доходи. Така да оваа мерка е многу позитивна и е потребно само нејзино што побрзо стапување во сила- вели Перковска.

Таа додава дека со оваа мерка ќе можат да се исплаќаат повисоки плати за работниците, со што ќе може и да опстои и текстилната индустрија,а воедно ќе биде и стимул и за нови вработувања во овој сектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...