Тевдовски: 2018-та се очекува да биде сериозен пресврт за економијата ВИДЕО

181

Ако првата половина од 2017 година беше ноќ, во втората половина почна да и се разденува на македонската економија, а веќе на почетокот на 2018 имаме показатели кои укажуваат на нејзино раздвижување, вели во интервју за Гласот на Америка министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

Како што истакнува министерот за финансии, во 2018 година првичните индикатори покажуваат раст и раздвижување на економијата.

-Во јануари и февруари годинава во споредба со претходната година, индустриското производство расте за 5,6 отсто. Има сериозен раст на извозот, околу 24 отсто. Кредитната активност во првите месеци е исто така раздвижена и висока, вклучително и кај компаниите што е позитивно, бидејќи во изминатиот период главно беше кај домаќинствата. И платите во Македонија започнаа вистински да растат, со раст од 5,6 отсто на годишна основа, што ја зголеми просечната плата за 1.250 денари и за првпат имаме просечна плата над 24.000 денари. Ова се први сигнали дека македонската економија оди во добра насока, после 2017 година каде имавме ноќ и ден – една половина од годината со економски пад, потоа започна да се движи позитивно економијата. Сега 2018 година може да се очекува да биде сериозен пресврт и економијата ќе продолжи да се движи во добра насока – вели Тевдовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...