Тевдовски: Успешно се справуваме со јавниот долг

98

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека Владата успешно управува со јавниот долг и оти очекува тој следната година да се заврши под проектираното ниво од 54,2 проценти или не повеќе од 600 милиони евра.

– Работиме на стабилизирање на јавниот долг. Тоа го правиме со намалување на буџетскиот дефицит, кој и сега е намален. На крајот на 2018 година имавме проекција дека ќе биде 50 проценти јавниот долг од БДП, но во суштина тој е 48,2 проценти. Нашата проекција за следната година е 54,2 проценти, но наша проценка е дека тој ќе биде понизок – рече Тевдовски на денешната прес-конфернеција во Владата на која заедно со премиерот Зоран Заев го презентираа Предлог-буџетот за 2019 година.

Тој потенцира дека Владата успеа да ја забави динамиката на раст на јавниот долг и оти обебзедува по најниска цена средства за негово финасирање.

Според него, 54,2 проценти е максималната проекција и дека таа ќе зависи од реализацијата на капиталните проекти, а кај кои се очекува позабрзана реализација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...