Тевдовски: Складиштењето на нафта не смее да биде на штета на граѓаните

Интенција е да биде затворено годинава и при донесеување на правилникот да биде постигната пониска цена, рече Тевдовски.

190

Наша интенција е проблемот со надоместокот за складиштење на нафтените резерви кој постои со години да биде затворен што побрзо, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

– Но притоа се водиме правилникот за чување на нафтените резеви да ги штити интересите на граѓаните и тие да плаќаат што пониска цена за тоа – рече Тевдовски.

Тој најави дека решение за проблемот треба да биде донесено што е можно побрзо, но тоа да не биде на штета на граѓаните.

– Интенција е да биде затворено годинава и при донесеување на правилникот да биде постигната пониска цена – рече тој.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...