Тевдовски прифати осум амандмани на Законот за личен доход

Со Предлог Законот се врши и зголемување на износот на даночното намалување кое се применува кај платите и пензиите.

1254

Надоместоците на трошоци за настани од здруженија на граѓани нема да се даночат, без разлика колку ќе траат. Зголемен е износот за платената практика кој е ослободен од оданочување, со намера да се стимулираат повисоки надоместоци за практичната работа. Се воведува даночно ослободување за патните трошоци за образовни активности во странство, се само дел од усвоените амандмани на преложените измени на  Законот за личен доход.

Министерот за финансии Драган Тевдовски прифати осум амандмани од вкупно 22 поднесени од здруеженија и комори.

Во законот, по барање на малдински организации, појасно се дефинира стипендијата која е ослободена од даночење. Нема да се плаќа данок и на надоместоците за школарина, превоз и исхрана. Беа прифатени и четири други амандмани кои се однесуваат на подобрувања и појаснувања на текстот на Законот, а ги предлагаат граѓанските организации, Стопанската комора на Македонија, Организацијата на работодавачи на Македонија и од Занаетчиската комора.

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на Комисијата за финансирање и буџет рече дека во насока на обезбедување на поголема праведност во оданочувањето на доходот на граѓаните се предлага воведување на праведен прогресивен данок.

– Со законот, а во насока на воспоставување на поправеден систем на оданочување на доходот на граѓаните, се предлага воведување на прогресивно оданочување на доходот од работа, доходот од авторски права, доходот од самостојна дејност и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи – рече Тевдовски.

Конкретно, покрај даночната стапка од 10% се предлага воведување на стапка од 18% која ќе се однесува на даночната основа која надминува 1.080.000 денари на годишно ниво, односно 90.000 денари месечно. За даночната основа до 90.000 денари месечно, односно 1.080.000 денари годишно, останува примената на даночната стапка останува 10%.

Со Предлог Законот се врши и зголемување на износот на даночното намалување кое се применува кај платите и пензиите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...