По најавата од премиерот Зоран Заев дека од 1 јули годинава ќе почне проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ за граѓаните, министерот за финансии Драган Тевдовски дека е најважно тоа да биде спроведено на правилен начин и да нема фискални ризици.
– За мене е најважно тоа да биде спроведено на правилен начин, сакаме да бидеме сигурни дека нема фискални ризици. Во моментов работиме на тоа, кога ќе ги имаме конечните детали, ќе ги споделиме со јавноста – рече Тевдовски, по потпишувањето на договорот за кредит од Европската банка за обнова и развој за купување на 35 автобуси на погон на гас.