Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на прес-конференција во Владата го образложи предлогот за ребаланс на буџетот за 2018 година доставен до Собранието и рече дека главната причина за ребалансот е евентуалната одлука за предвремени парламентарни избори, која би ја оневозможила постапката за прекројување на државната каса.
– Со парите од ребалансот финансиски ќе се поддржат општините во државата, Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување и ПИОМ. Најголема релокација на средства има кај општините, за подмирување на доспеани, а ненаплатени обврски – изјави Тевдовски и додаде дека и без ребаланс, пари за избори има.