Поголема реализација на капиталните инвестиции во остатокот од годината како и пооптимистички резултати на економијата од она што го проектираше Владата очекува министерот за финансии Драган Тевдоски.
– Оптимист сум во тој однос. Ние ги следиме движењата во економијата и гледаме попозитивни движења од проекцијата и кога ќе имаме конкретно ќе соопштиме – рече Тевдовски на отворањето на „Деновите за финансиска писменост“.
Во однос на резултатите од капитланите инвестиции, Тевдовски, рече дека она што го реализира Јавното претпријатие за државни патишта во првиот квартал е трипати подобро од истиот период лани.
Според него, забечлежан е силен раст на индустриското производство од 8,8 отсто, на извоз на што пак ги темели очекувањата за годинава.
– Ако се земат годините наназад капитланите инвестиции секогаш забрзувале во втората половина од годината. Моите очекувања се дека тоа ќе биде така и годинава. Главно е што ЈП за државни патишта реализира за трипати повеќе и тоа ни дава оптимизам, но и првите показатели за првиот квартал покажуваат дека економијата ќе се движи позитивно и тоа подобро од лани – рече Тевдовски.
И гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска смета дека економијата се движи во позитина насока.
– Сѐ уште не се објавени податоците за првиот квартал од годинава, меѓутоа расположливите краткорочни индикатори, како податоците за индустриското поризводство, трговијата…, генерално упатуваат на натамошно продолжување на економската активност – рече таа.