Тевдовски не се дава пред метлата на Заев

Успешно ги завршивме даночната, пензиската и социјалната реформа, обезбедивме висока фискална транспарентност, која е препознаена од меѓународните институции, го подобривме системот на јавни набавки, а ги поддржавме и општините. Сѐ на сѐ задоволен сум што реформите што ги направивме не се ад хок, рече Тевдовски.

1036

Министерот за финансии Драган Тевдовски не очекува ниту тој, ниту, пак, некој од директорите на управите кои се под надлежност на Министерството да бидат зафатени со метлата на премиерот бидејќи целосно биле посветени на реформите, успеале да го стават долгот под контрола и ја подобриле фискалната транспарентност.

– Успешно ги завршивме даночната, пензиската и социјалната реформа, обезбедивме висока фискална транспарентност, која е препознаена од меѓународните институции, го подобривме системот на јавни набавки, а ги поддржавме и општините. Сѐ на сѐ задоволен сум што реформите што ги направивме не се ад хок – рече Тевдовски.

Тој додаде дека е задоволен и од работата на директорите во управите кои се под Министерството за финансии.

– Заедно целосно сме посветени на реформите. Во изминатите месеци ја дигитализиравме УЈП, се деоговоривме да ја дигитализираме и Царинската управа. Целосно сум задоволен од работата и реформите направени во финансовата полиција и во сите органи од составот на Министерството – рече Тевдовски.

Тој денеска го прокоментира и заминувањето на неговиот советник Бранимир Јовановиќ.

– Ние како Министерство сме договорени да не ги спречуваме луѓето кои сакаат поинаку да ја развиваат својата кариера. Му благодарам на Јовановиќ за соработката и заслугите кои што ги даде во однос на даночната реформа, минималната плата и социјалните реформи – рече Тевдовски.

Тој, како што рече, ќе остане и натаму добар пријател со Јовановиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...