Тевдовски најави нови алатки за раздвижување на Берзата

На настанот, директорот на Македонска Берза, Иван Штериев рече дека во првиот квартал од годинава Македонската Берза бележи силен раст. Според него таков раст немaло од 2008 година

386

Crowdfunding е една од новите алатки за финансирање. Треба да се развива оваа можност која зема замав во светот и во Европа. Ние сме подготвени да создаваме регулатива по примерот на Хрватска и Словенија, најави министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој имаше интервју во рамки на годишната конференција на Македонска Берза.

Министерот во своето излагање ги посочи и новите закони за пазарот на капитал.

– Подготвуваме нова регулатива за пазарот на капитал. Постојниот Закон за хартии од вредност ќе биде заменет со два нови закони: Закон за пазарот на хартии од вредност и Закон за понуда и издавање на хартии од вредност. Ќе се овозможи воспоставување на нови пазарни сегменти и нови финансиски инструменти. Во таа смисла, брокерските куќи ќе имаат можност да организираат сопствени пазарни сегменти, односно платформи за тргување со хартии од вредност под правила донесени од самите брокерски куќи, а на пазарот ќе може да се тргува и со стокови деривативни инструменти и други структурни финансиски инструменти. Со тоа ќе се влијае на зголемена конкуренција помеѓу учесниците на пазарот, намалување на трошоците за тргување и поголема ликвидност на пазарот на капитал – рече Тевдовски.

На прашањето дали се очекува сериозен позитивен пресврт во делот на придвижување на економијата во нагорна линија Тевдовски рече дека бројките покажуваат дека Македонија влегува во позитивна насока.

-Очекуваме проекцијата од 3,2 отсто раст на БДП годинава да се реализира. Системските политики се насочени кон отворање на нови и подобро платени работни места, поттикнување на инвестициите како домашни, така и странски, поттикнување на соработка помеѓу домашните и странските компании, прогрес во евроатланските интеграции – рече тој.

На настанот, директорот на Македонска Берза, Иван Штериев рече дека во првиот квартал од годинава Македонската Берза бележи силен раст. Според него таков раст немaло од 2008 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...