Тевдовски контрa Светска банка: Постигнати се сериозни резултати во намалувањето на јавниот долг

ветска банка вчера советуваше да се спречи зголемувањето на јавниот долг, кој според нивните пресметки е на умерено ниво од 49 отсто од БДП.

352

Направени се сериозни резултати во делот на намалувањето на јавниот долг. Јавниот долг е стабилизиран и спречено е да расте во иднина, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски денска по втората горишна конференција за Денот на буџетот.

– Имаме остварено сериозни резултати. Ако јавниот долг од 2008 до 2016 година се зголемуваше од некаде 23 отсто од БДП на 48,8 проценти од БДП, на крајот на 2017 година изнесуваше 48,7. Апослутно имаме остварено резултати -рече Тевдовски. коментирајќи го пролетниот редовен економски извештај на Светска банка.

Светска банка вчера советуваше да се спречи зголемувањето на јавниот долг, кој според нивните пресметки е на умерено ниво од 49 отсто од БДП.

– Македонија сега е на ниво на 49 отсто од БДП, што може да се каже дека е умерено ниво на долг, меѓутоа има многу економии во Европа кои имаат помал долг коишто можат побрзо да растат, така што треба да се направи рамнотежа помеѓу одржливите финансии и во исто време изноѓање на политики коишто ќе го поттикнат растот – изјави вчера Сања Маџаровиќ Шујстер, виш економист на Светска банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...