Тевдовски и Богов на пролетниот состанок на ММФ и СБ во Вашингтон

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, Европската инвестициска банка, Централната банка на Европа и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ).

59

Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Димитар Богов, од денеска учествува на редовните Пролетни средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, Европската инвестициска банка, Централната банка на Европа и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ).

Во рамки на средбите закажани се состаноци со заменик претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер, со директорот за Југоисточна Европа на Линда Ван Гелдер, со извршниот директор на Светска банка Френк Хемскирк, со Пол Томсен, извршен директор на ММФ за Европа и шефот на мисијата на ММФ за Македонија Јасмин Рахман.

Во фокусот на разговорите ќе бидат тековната и идната соработка на Македонија со двете институции.

Пролетните состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На настанот учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки. Дискусијата е поврзана со актуелните случувања во светската економија и на теми како намалување на сиромаштијата и потикнување на економскиот раст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...