Тевдовски: Економијата се придвижува, ќе направиме се растот да биде поинтензивен

Iндикторите покажуваат дека во индустријата, земјоделството има раздвижување, извозот е силен, и правиме вистински притисок во градежништвото, пред се, на нискоградбата каде е проблемот, рече Тевдовски.

83

Економијата ќе се движи, а Владата ќе направи нејзиниот раст да се интензивира, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски по обраќањето на Конференцијата за Програмата за економски реформи 2019-2021.

– Ние направивме стабилизација на финансиската состојба, а потоа и да го оствариме она што посакуваме, раздвижување на економската состојба. Дури и индикторите покажуваат дека во индустријата, земјоделството има раздвижување, извозот е силен, и правиме вистински притисок во градежништвото, пред се, на нискоградбата каде е проблемот – рече Тевдовски.

Од претходната власт, како што рече, оваа Влада наследила сериозни проблеми како проектни документации и разни други проблеми.

– Сите институции се посветени на решавање на овие проблеми – рече министерот за финансии.

Тевдовски потенцира дека во изминатите години растот практично беше на база на оние инвестиции во споменици, врби, фасади и слично, нешто, како што рече, што не носи добро на еконоијата.

– Ние се решивме да не одиме по таков полесен пат, туку по потешкиот пат, да се зафатиме и да го работиме тоа што треба. Има резултати и се ќе направиме да се интензивира растот. Јас сум оптимист дека ќе го движиме растот и сега и во следниот период – рече Тевдовски.

Тој појасни дека веќе има почеток на сериозни градежни активности и оти главниот проблем е автопатот Кичево-Охрид, за што во брзо време треба да бидат и таму интензивирани работите.

За тоа до кога ќе расте цената на нафатата истакна дека тоа се пазарни движења што не зависат од нас, туку од движењата на светските берзи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...