Тевдовски ги сподели искуствата за управување со финансии на самит во Виена

На настанот се обратија и Линда Ван Гелдер, регионален директор на Светска банка за Западен Балкан и Џорџ Копитс, виш научник во Меѓународниот центар за научници „Вудро Вилсон“ и член на Советот за јавни финансии на Португалија.

61

Искуствата на земјава во управувањето со јавните финансии беа тема на дискусијата на министерот за финансии Драган Тевдовски на тема „Mожности за обезбедување фискална одржливост“ која се одржува во Виена, а организатори се Светска банка и Корејскиот национален фонд (КТФ).

– Преку реформи на даночниот, пензискиот, социјалниот систем, системот на јавни набавки, фискалната транспарентност, спречувањето перење пари, како и менаџирањето на јавниот долг направивме огромен прогрес во управувањето со јавните финансии. Станува збор за сет од 10 крупни реформи направени во 2018 година. Истите ќе придонесат за постепено намалување на буџетскиот дефицит, контрола над јавниот долг, намалување на дефицитот во ПИОМ, сервисирање на наследените обврски и спречување создавање нови. Воедно со реформите овозможивме подобро насочување на социјалните трансфери до оние на кои им се потребни и поголема фискална транспарентност – рече Тевдовски.

Тевдовски информира и дека во рамки на фискалната транспарентност наскоро ќе стартува платформата за отворен трезор, преку која граѓаните во реално време ќе можат да ги следат сите буџетски исплати.

Тој, како што соопшти прес- службата на Министерството за финансии, зборуваше и за фискалната консолидација.

– Буџетскиот дефицит годинава е проектиран на 2,5% од БДП. На среден рок се предвидува намалување на буџетскиот дефицит на околу 2 проценти -рече тој.

На настанот се обратија и Линда Ван Гелдер, регионален директор на Светска банка за Западен Балкан и Џорџ Копитс, виш научник во Меѓународниот центар за научници „Вудро Вилсон“ и член на Советот за јавни финансии на Португалија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...