Тевдовски во Куманово: Влез во ЕУ за поголем економски просперитет

68

Министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска оставри средба со градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски на кој разговараа за тековните проблеми на општината, за начините на кои централната власт може да му помогне на градот.

Тевдовски ги повика кумановци да излезат на гласање и потенцираше повеќе економски бенефити што ќе ги имаат граѓаните со приближувањето кон евроатлатнстките интеграции. НАТО, посочи министерот, е најсилен воен сојуз што е гарант за безбедност, што пак е значајно за инвеститорите кои ќе можат посериозно да вложуваат во изградба на нови капацитети, да отвараат нови работни места, што е приоритет на Владата. Поради силната конкуренција, појасни, ќе растат и платите на граѓаните.

– ЕУ е најсилниот поддржувач на Македонија, годишно околу 90 милиони евра имаме поддршка преку грантови, преку пари на граѓаните на ЕУ, се вложуваат  во изградба на патишта, рече министерот.

Тој потсети дека автопатот Демир Капија – Смоквица вреден 50 милиони евра е изграден со средства на ЕУ, а во Куманово изградена е канализациска мрежа со 4,3 милиони евра, училиште во Черкези.

– Би сакал да потенцирам на граѓаните на  Куманово дека приближувањето кон членството, значи и повеќекратно зголемена поддршка од ЕУ, а тоа ќе значи за равој, пред се на инфраструктурата на Македонија, а инфраструктурата ќе донесе подобра економија, нови работни места и подобар животен стандард за граѓаните, рече министерот.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски ги повика граѓаните да гласаат на 30 септември, датум за кој рече дека е многу важен за граѓаните и дека ќе започне да се пишува новата историја на македонската држава и македонските граѓани. И тој додаде дека се очекуваат средства од ЕУ кои ќе бидат вложени во инфраструктурата.

Димитриевски информираше дека со министерот разговарале за сите отворени прашања, за можностите за подобрување на бизнис климата и за економската состојба во градот, за зоната Речица.

– Состојбите на јавноста и се јасни, Куманово е една од многуте финанскиски задолжени  и една од многуте блокирани општини  во државата и верувам дека со заеднички сили и планот на Владата ќе изнајдеме начин оваа блокада за почеток да се ублажи, а потоа и многу поагресивно во текот на 2019, општината да дојде до посериозни средства кои што ќе може да ги искористи во делот на капитални инвестиции, изјави Димитриевски.

Одговарајќи на новинарски прашања колкав е долгот, Димитриевски истакна дека бруто долгот на општината е 17 милиони евра.

Министерот Тевдовски, одговарајќи на новинарски прашања како ја оценува задолженоста на општината посочи дека Куманово има сериозни обврски за враќање, но дека централната власт врши анализи како да им помогне на општините кои се задолжени, бидејќи истакна, локалниот развој е оној кој го движи економскиот раст.

Димитриевски, рече дека општината ќе аплицира со инфраструктурни проекти за изградба на канализациска мрежа на повикот кој е објавен од Министертвото за финансии, но дека за градинка се уште се подготвува локална планска урбанистичка документација и врз чија база наредната година ќе биде распишан проект за градинка, но потенцираше дека и сега општината спаѓа во групата  на најзадолжени општини со нарушена финаниска ликвидност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...