Автопатот Скопје-Блаце ќе се прави преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и реабалансот на Буџетот воопшто нема да влијае врз динамиката на изградба, бидејќи ЈПДП од 2013 година не е буџетски корисник, рече министерот за финасии Драган Тевдовски во одговор на прашање на прес-конференцијата во Владата за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2018 година.
– Автопатот Скопје-Блаце е еден од приоритетите кои настојуваме да ги реализираме како Влада. Во моментов се изработува техничката документација, а побаравме и финасирање на автопатот од страна на Европската банка за обнова и развој со што ги преземаме сите активност за да се реализира – посочи Тевдовски.