Министерот за култура Хусни
Како што соопшти денеска Министерството за култура, пред турската читателска публика и турските издавачи беше претставено творештвото на младите македонски автори Славица Гаџова-Свидерска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Михајло Свидерски. За таа цел беше изготвен и каталог со извадоци од нивните прозни и поетски дела преведени на турски јазик.
Настанот, во организација на Културно-информативниот центар во Истанбул, беше во рамките на проектот „Претставување на македонски автори во Истанбул“ во организација на издавачката куќа „Восток“.