Со цел да воспостави рамнотежа меѓу слободата на изразувања и одговорностите, Твитер најави намалување на видливоста на објавите коишто ги кршат неговите правила, но кои се објавени од важни извори, како што се политичарите.
Новите правила ќе се применуваат во случај политичарот или пак, ако се работи за претставник на власта, има над 100.000 следачи. Навредливите објави ќе бидат прекриени со ознака за предупредување, а корисниците ќе мораат да кликнат на дополнително копче за отворање на објавата.
– Оние објави што ги кршат нашите правила, ќе бидат означени како такви, но нема да ги бришеме поради јавниот интерес, изјави Џек Дорси, еден од челниците на компанијата.
Повеќемина од Твитер бараа да ги острани зајадливите коментари на претседателот на САД, Доналд Трамп, на пример, но и од други политичари, А пак, Трамп и други конзервативци ја обвинија компанијата дека им дава предност на либералите.
Трамп на Твитер има 61 милион следачи, а многу од неговите објави завршуваат и на вести.
Белата куќа не сакаше да ги коментира тие најави на Твитер.