Од социјалната мрежа Твитер се избришани над 10 000 лажни профили, од кои автоматски биле праќани пораки со повици за бојкот на изборите за американскиот Конгрес, што ќе се одржат во вторник .
Лажните профили сугерираат дека наводните корисници се припадници на Демократската партија. Претходно, токму Демократите ја предупредија компанијата Твитер дека има огормен број пораки праќани од лажни профили.