Твиги ги обвини Кардашијанови за популаризација на ботоксот: Личат на диви верверици

Статистички, пластичната хирургија е во пад, но инјекциите се за 41 отсто повеќе во однос на 2016 година, на пример, истакнуваат лекарите.

398

Супермоделот од 1960-тите, Дејм Лесли Лосон, позната под псевдонимот Твиги е против козметичките процедури за пополни усни, како што се инјекциите со ботокс.

– Би можела да направам нешто, малку онака… Но, не ми се допаѓаат оние полнења во лицата на луѓето. Така личат на диви верверици – рече поранешната манекенка, која сега е на прагот на осмата деценија од животот.

Прашана за причините за порастот на нехируршките козметички процедури, Британката ги посочи Кардашијанови за најверојатни виновници. За некои од членовите на познатото семејство се смета дека направиле и премногу козметички зафати за подобрување на надворешниот изглед.

Статистички, пластичната хирургија е во пад, но инјекциите се за 41 отсто повеќе во однос на 2016 година, на пример, истакнуваат лекарите.

Твиги во средината на минатиот век беше светски познат супермодел, како и глумица и пејачка. Таа влезе во светот на модата на 16-годишна возраст, а го напушти на 20 години. И покрај тоа што кусо се задржа на модните писти, таа е запомнета од историјата како светска модна икона.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...