Велика Британија стравува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го поткопа НАТО, со тоа што ќе се склучи „мирен договор” со рускиот претседател Владимир Путин, кога двајцата ќе се сретнат идниот месец објави Тајмс.
Министрите од британската влада се загрижени, бидејќи Трамп може да биде убеден да ги намали воените обврски на САД во Европа, изложувајќи ја на ризик одбраната на државите од НАТО против руска агресија.
Тие стравуваат дека Трамп може да му даде на Путин пропагандна победа, ако откаже или промени планирани воен вежби на НАТО.
Такви чекори би можеле да предизвикаат егзистенцијална криза за Алијансата, која гарантира безбедност од 1949 година, сметајќи на американска воена поддршка, нагласува весникот.
НАТО се подготвува за својата средба на врвот во јули, но сојузниците имаат една главна тревога – Трамп, пишува американскиот весник Њујорк тајмс.
Никој не знае кој претседател ќе се појави – грубијанот, кој остро критикува сојузници поради несоодветни воени расходи, или фалбаџијата, кој си припишува заслуги за зголемувања на расходите, наведува весникот.