Тајмс: По наредба на Ердоган 6 следбеници на Ѓулен се нелегално ектрадирани од Косово во Турција

145

Реномираниот англиски весник The Times објави вест насловена како „Непријателите на Ердоган однесени дома во затвор од страна на Косово“ во врска со нелегално екстрадираните турски граѓани, припадници на движењето Ѓулен.

Според веста, косовскиот претседател Тачи, по наредба на својот колега Ердоган издејствувал киднапирање на 6 припадници на движењето Ѓулен и нивна нелегална екстрадиција во Турција.

– Многу јасно се виде како Ердоган ги гони своите политички противници и како ја користи службата за разузнавање, без да биде информиран премиерот на Косово Рамуш Харадинај-напиша меѓу другото The Times.

Според The Times, Пакистан, Сенегал и Монголија се меѓу 21 држава кои дале позитивен одговор на Ердоган во врска со прогонот против следбениците на движењето Ѓулен. Освен тоа, Анкара побарала екстрадиција на 482 следбеници на Ѓулен од 83 земји.

Во веста се наведува и изјавата на Џелал Свечла, претседателот на комисијата на косовскиот парламент за истражување на случајот.

Според Свечла „наредбата е издадена од највисоките институции“:

– Косовските разузнавачки служби добиле барање за екстрадиција на шестте Турци, кои легално престојуваа во Косово. Се плашиме дека листата е подолга. Според нашите сознанија, сите овие дејствија се превземани од највисоките институции – се вели во изјавата на Свечла за Џелал Свечла за The Times.

Општо е познато, како што се вели, дека Тачи веќе подолг период соработува со Ердоган во црните зделки на турскиот претседател. Тачи е еден од неколкуте претседатели кои присуствуваа на инагурацијата на Ердоган како претседател на Турција.

– Овој случај покажува дека Турција се повеќе се меша во внатрешните работи на Косово кое долги години беше дел од Отоманската Империја. Турската влада истура големи пари во Косово, но одбива да објави за колкава сума се работи – се вели во завршните реченици на вестта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...