Тајландското законодавство се согласи да го смени законот за лекови за да се овозможи лиценцирана медицинска употреба на марихуана и кратом, локално растение кое се користи како ситмуланс и против болки.
Тајланд е прва земја во Југоисточна Азији која донесе таква одлука, а која се разгледува и во соседна Малезија.
Националното собрание на Тајланд поддржа промена на законот со 166 гласови „за“ и 13 воздржани, a никој не гласал против.
Измените кои стануваат закон кога ќе бидат објавени во Службениот весник на земјата, легализираат производство, увоз, извоз, поседување и употреба на марихуана и кратом за медицински цели.
Рекретативната употреба на марихуана останува нелегална и предмет на затворска казна.