Тајландските медиуми неофицијално информираат дека првите две момчиња се извадени од поплавената пештера.
Додека е во тек најголемата спасувачка операција , медиумите од минута во минута јавуват за состојбата на децата.Тие сефизички и ментално способни да се пробијат низ поплавената пештера .
Утрово во 5 чесот по средноевропско време почна операцијата , во која се вклучени 18 нуркачи . Тие ќе мора да го минат патот долг 4 и пол километри , кој во најголем дел е под вода заедно со децатаи нивниот тренер.
Дванаесетте момчиња веќе 15 дена се заробени во подводната пештера , а екипи од целиот свет се вклучени во нивното спасување.
WATCH: BBC footage of ambulance leaving cave site amidst reports first boys from trapped football team have been rescued #thamluangcave #thamluang #ถ้ำหลวง #13ชีวิตติดถ้ำ #13ชีวิตรอดแล้ว #พาหมูป่ากลับบ้าน #ThailandCaveRescue pic.twitter.com/qu441ZuiJH
— Howard Johnson (@Howardrjohnson) July 8, 2018