Тачи тврди дека 98 отсто жители на Прешевската долина поддржуваат обединување

72

Косовскиот претседател Хашим Тачи нагласи синоќа дека Белград и Приштина не треба да се блокираат еден со друг.

Зборувајќи за дијалогот, тој додаде дека е убеден во постигнување обврзувачки договор и како што тврди, 98 отсто жители на Прешевската долина на југ во централна Србија поддржуваат обединување со Косово, јави РТК2.

Тачи смета дека статус кво треба да се надмине, бидејќи тоа претставува регресија во сите области.

– Замрзнат конфликт меѓу Косово и Србија треба да се надмине по мирен пат. Моја обврска е во рамки на дијалогот со Србија да не бидеме пречка за интеграција во ЕУ и НАТО. Косово не треба да го бојкотира дијалогот, нагласи косовскиот претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...