Тачи: Поделба на Косово е лажна вест

Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа рече дека никогаш нема да зборува за поделба на Косово или за размена на територии.

102

Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа рече дека никогаш нема да зборува за поделба на Косово или за размена на територии, а смета дека оваа тема се појавила за да се „опипа пулсот на Косово, Србија и земјите од регионот” .

Тачи, во интервју за телевизијата „Клан Косова“, тврди дека разликата меѓу Белград и Приштина е дека Србија е заинтересирана само за територијата на Косово, а не за нејзините граѓани, како и оти предизвикува тензии со територијални цели.

Тој рече дека за време на неговата неодамнешна посета на Германија, разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел за разрешувањето на директорот на Косовската разузнавачка агенција, Дритон Гаши, и оставката на министерот за внатрешни работи, Фламур Сефај.

– Што се однесува до министерот за внатрешни работи, лично сметам дека тој повеќе поднесе оставка поради реакцијата за (апсењето) Марко Ѓуриќ, отколку од која било друга причина, рече Тачи.

Косовскиот претседател тврди дека на Меркел и рекол дека ако Ѓуриќ е толку заинтересиран за доаѓање во Косово, ќе му даде државјанство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...