Тачи: Подготвен сум за дијалог, иако Србија е геноцидна држава

112

Приштина е подготвена за продолжување на дијалогот со Србија, иако таа е „геноцидна  држава со која Косово има вековно непријателство“, изјави денеска косовскиот претседател Хашим Тачи.

Тој нагласи дека Србије е одговорна за убиството на над 13.000 цивили и за силување на 20.000 Албанки.

– Но, и покрај тоа, Косово израсна во независна и суверена држава… Иако плативме висока цена, ние победивме, а сега е време да победиме и во постигнувањето мир со Србија – истакна Тачи во обраќање пред косовското Собрание.

На собраниката седница на која говореше Тачи, присуствуваа само 30-тина од вкупно 120-те членови на косовското Собрание, бидејќи опозициските пратеници, но и некои од народните избраници од редовите на владејачките партии, го бојкотираа неговото обраќање.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...