Тачи пиел кафе со Срби на северно Косово

669

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека денеска имал чест да се прошета по северот на Косово и со чамец да се повози по езерото Газивода, на границата меѓу Србија и Косово, јави агенцијата Фена.

Во изјава за медиумите на езерото Газивода, Тачи рекол дека за време на посетата имал посебни емоции. Тој истакнал дека раководството на земјата и особено тој како претседател работат за ново, евроатлантско, мултиетничко Косово.

– Се сретнав со некои локални Срби со кои во пријателски и срдечен разговор испив кафе. Јас им служам на сите граѓани на Косово – рекол Тачи.

Заедно со Тачи во посета на езерото Газивода и преминот Брњак биле и министерот за финансии Бедри Хамза, директорот на Косовската разузнавачка агенција Спенд Ахмети и директорот на Косовската полиција Рашит Џалај.

Агенција пренесе дека сите припадници на РОСУ се повлекле од северот и се вратиле во своите бази откако Тачи ја завршил посетата.

Според приштинскиот сајт „Газета Експрес“, Тачи рекол дека дошол на Газивода за да разговара со Србите и „да ги посети природните убавини“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...